Warning: Invalid argument supplied for foreach() in /home/mimwebs/public_html/bezomrazno.mk/wp-content/themes/bezomrazno/header.php on line 43

Новости

Александар Писарев: Како да се пренесат зборови на политичар кога во нив има елементи на говор на омраза

Најчесто политичарите се тие кои се спомнуваат дека произведуваат говор на омраза, при што новинарите се само во улога на трансмитер на таквиот говор, дистрибутер, или мегафон преку кој политичарите на овој начин ги соопштуваат своите пораки.Како новинарот треба да го пренесе директното обраќање на политичкиот субјект-политичар лидер на политичка партија, член на владата или премиерот, ако тој користи говор на омраза, напаѓачки квалификации и

навреди и на тој начин може да предизвика негативна стереотипизација? Во нашата пракса новинарите најчесто експлицитно го пренесуваат говорот на омраза на политичарите. Притоа, тие навистина не можат да трпат некакви правни консеквенци, но имаат етичка одговорност.

Ваквите настапи на политичарите во европската пракса се „санкционираат“ на два начина. Новинарот во таква ситуација има право на политичарот да му го „ускрати правото на слободата на говорот“, така што тој дел од неговото излагање, во рамките на саморегулацијата, нема да го објави. Втората можност е тој дел од говорот, каде има елементи на говор на омраза, да го стави во некаков контекст. Притоа, тој ќе укаже дека во неговото излагање има недозволено користење на говор на омраза и ќе се повика на кривичниот закон, кој во европските земји во одредени случаи предвидува и казна затвор во траење од три години за говор на омраза.

Говорот на омраза во најголем број случаи е насочен кон друга етничка заедница, политичкиот противник, или ЛГБТ популацијата. Граѓаните во таквите ситуации се претворени во ,,заробен аудиториум“, кој мора да ги слуша нивните навреди без право на избор. Односно, има само еден избор: да слуша/гледа/чита, или да не слуша/не гледа/не чита. Новинарот треба или да го избегне тој дел од говорот или да го контекстуализира. Но, во никој случај не треба експлицитно да го пренесе.

Целата статија можете да ја прочитате на веб-страницата Okno.mk

Последни новости

Промотивни писма

Почитувани, доколку сакате да бидете во тек со соджини поврзани од овој тип, имате можност да ја оставите вашата e-пошта.